Реал Мадрид оваа сезона ја освои титулата во Шпанија, а со победата против Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите повторно стана европски првак. Но, тоа не значи дека нема да има значајни промени во клубот ова лето. Според „Марка“, во Реал Мадрид ќе има „колатерални жртви“. Тоа е метафора за играчите кои нема или не треба да останат во клубот следната сезона.
Тројца веќе се простија. Бразилецот Марсело го напушта клубот по истекот на неговиот договор како најтрофеен фудбалер на сите времиња. Се збогуваше и вечно критикуваниот Велшанец Герет Бејл, како и Иско. Но, има уште шестмина играчи на Реал чија иднина е доведена во прашање. Станува збор за Себалјос, Асенсио, Јовиќ, Маријано, Валјехо и резервниот голман Лунин.
Не се сите во иста позиција. Себалјос и Асенсио се играчи кои веќе требаше да се наметнат и да играат редовно. Но, Реал Мадрид се уште не им нуди продолжување на договорите. На Асенсио секогаш малку му недостасува да биде првата опција. Анчелоти не му дава минутажа колку што би сакал, а неговиот агент Жорге Мендеш наводно разгледува понуди да го продаде во клуб каде што ќе добие поголема шанса.
Речиси сигурно клубот го напуштаат напаѓачите Маријано Дијаз и Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач не е во комбинациите на Карло Анчелоти. Неговата веројатна судбина е да се врати во Бундеслигата. Како и Валјехо, така и Јовиќ има договор кој истекува во 2023 година.
Доколку сите овие играчи си заминат, ќе се отвори простор за враќање на неколку фудбалери на Реал Мадрид кои се на позајмица.
> Реал Мадрид се збогуваше со тројца, уште шестмина играчи се на излезна врата <