Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид го совлада Еибар во првиот натпревар по рестартирањето на сезоната

Реал Мадрид го совлада Еибар во првиот натпревар по рестартирањето на сезоната
Dik 300x250 mk

Мадрид, 14 јуни 2020 (МИА) – Реал Мадрид вечерва во натпревар од 28. коло од шампионатот на Шпанија го совлада Еибар со резултат 3:1.

Головите за домаќините ги постигнаа Тони Крос, Серхио Рамос и Марсело, за гостите погоди Педро Бигас.

Овој натпревар беше прв за екипите по продолжувањето на сезоната, суспендирана поради пандемијата на коронавирус.

Мадридскиот клуб своите натпревари како домаќин ги игра на натпревари во клупската база, бидејќи „Сантијаго Бернабеу“ се реновира.

Средбите во Ла Лига се играат без публика.

По оваа средба, Реал со 59 бода е на второто место на табелата, додека Еибар со 27 поени е 16-ти. Лидер е Барселона со 61 бод. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“