Утрински Весник
Спорт

Реал го стави Азар на трансфер-листата

Реал Мадрид ќе го продаде Еден Азар (31), доколку до крајот на преодниот рок добие соодветна понуда. Ова значи дека клубот нема по секоја цена да инсистира на неговото заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

dobivaj vesti na viber

Карло Анчелоти е подготвен да го задржи во тимот доколку не се случи трансферот, но нема ништо против тој да си замине.

Италијанскиот стручњак веќе дал зелено светло за негово заминување. Сепак, Азар засега нема јасни опции за заминување и ќе тренира сосема нормално со остатокот од тимот на Реал во подготовките за новата сезона.

Азар не се снајде во Реал. Иако во 2019 година беше платен 100 милиони евра, Белгиецот не покажа се што знае и имаше навистина големи проблеми со повредите.
За многумина Азар е едно од најлошите засилувања во историјата на славниот клуб.

Во изминатите три сезони во Реал, Еден Азар одигра само 66 натпревари и постигна шест гола.

Реал во пресрет на новата сезона го напуштија Марсело, Иско, Герет Бејл и Лука Јовиќ.

Можете да прочитате

Македонија и Португалија одиграа нерешено

Ѓоковиќ: Не размислувам за крај на кариерата

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место