Утрински Весник
Политички Партии

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Третиот пакет економски мерки ќе ја зголеми приватната потрошувачка и ќе стимулира раст и промоција на домашните производи и услуги

 

Скопје, 19 јуни 2020 
ВМРО-ДПМНЕ е во паника, затоа што им е јасно дека правда и одговорност ќе има за секој којшто го прекршил законот.
И покрај сите опструкции и блокади, не успеаја обидите на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ да го заштитат криминалот, правниот систем функционира, одговорност ќе има.
Потврда за тоа добивме и од Стејт департментот на САД, од каде оценија дека во Северна Македонија нема толеранција за корупцијата, а злоупотребата на јавна функција за лична корист ќе биде соодветно казнета.
Оттука е стравот на ВМРО-ДПМНЕ. Пола раководсто на партијата, заедно со бегалецот Никола Груевски ќе одговараат за сите злодела што ги направија.
Заврши времето на селективна правда, заврши времето на политички монтирани судски процеси.
Следува целосна разрешница на сите случаи на СЈО, над триесет во коишто се вклучени и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста виде со кого претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, „шурувал“.  Зоран Милески – Кичеец  му бил десна рака на Мицкоски, но и на Александар Николовски. Јасна е нивната поврзаност со случајот „Рекет“.
Правдата ќе ги стигне и тоа многу скоро.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт