Утрински Весник
Македонија

Реакција од Министерство за здравство на прилог на ТВ Сител

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

Скопје, 11 јуни 2020 

Министерството за здравство реагира на прилогот на ТВ Сител во кој несоодветно се толкувани статистичките податоци за бројот на ново-заболени и активни случаи по општини во Скопје, заради што и се јавува разлика од извесни 61 во пресметката на новинарот, цитирано од прилогот:

„Кога ќе се направи споредба со официјалната статистика објавена вчера, и кога ќе се додадат новите податоци од денеска на секоја општина излегува дека во главниот град нема 131, туку 70 нови случаи или пак службите направиле ненемерна грешка.“

Сакаме да укажеме на следното:

Вкупниот број на ново потврдени случаи со ковид-19 кој се споделува во соопштението со дневната статистика се однесува на една подрачна единица, во конкретниот случај Скопје кој денес изнесува 131. Дистрибуцијата по општини во Скопје на денес објавените 131 ќе биде доставена во утрешното соопштение и тоа е секојдневна пракса, а во секое соопштение стои дека дистрибуцијата по општини во Скопје се однесува на претходниот ден.

По прашањето на новинарот направени се проверки и не се констатирани недоследности, за што е испратен и одговор со следното образложение:

Вчера Министерството за здравство извести за 844 активни во Скопје. До утрово се пријавени 12 оздравени и 3 починати од Скопје. Денеска вкупната бројка доставена до медиуми по општини (се однесува на вчера) е 829 активни во Скопје. (844-12-3=829). 829 + нови 131 од денеска за кои течат епидемиолошки анкети е 960, како што е известено во соопштението.

Она што го кажува и пресметува новинарот е врз основа на податоци од 09.06 по општини (објавени на 10.06) кои велат дека има 759 активни случаи во Скопје и податоци од 10.06 по општини (објавени на 11.06) кои велат дека има 829 активни случаи во Скопје. Но, новинарот новиот број на заболени за 11.06 го смета како разлика од активните случаи од претходните 2 дена, што не е правилно. Новите 131 случаи ќе бидат распределени по општини утре.

Како пресметал новинарот: 829-759=70 и тој број го зема како број на денес ново потврдени. Од денешниот број ново потврдени 131 тој го одзема овој број и добива разлика од 61. Ова е погрешна пресметка.

Институтот за јавно здравје редовно ја следи состојбата и бројот на оздравени и бројот на починати лица, статистика која влијае врз бројот на активни случаи.

Воедно треба да се земе во предвид дека епидемиолошките анкети можат да ја менуваат дистрибуцијата по градови и општини заради местото на живеење. До моментот додека се издаваат податоците состојбата е таква, но евиденцијата и дистрибуцијата по градови и општини може да се промени по завршување на епидемиолошките анкети, кои со оглед на бројката можат да траат и подолго. Бројката на оздравени и починати лица, што е динамичен процес кој се менува од ден во ден, ја менуваат бројката на лица со болест во тек, односно активни случаи.

Министерството за здравство апелира до медиумите доколку има било какви прашања во врска со статистиката, службата за односи со јавност на министерството и Институтот за јавно здравје стојат на располагање за сите дополнителни објаснувања и правилни толкувања.

Министерство за здравство

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ