Утрински Весник
Политички Партии

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение од СДСМ за изборите

ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта

 

27 мај 2020

 

Заев притиска за избори на кои наместо гласови ќе броиме починати и заразени

Додека Македонија ги брои новозаразените и починатите, наши сограѓани со име и презиме со семејства и пријатели, за СДСМ и натаму најважна е политиката.

СДСМ и натаму притиска за избори на кои наместо гласови и гласачи ќе ги броиме починатите и заразените од новиот коронавирус.

Брзите избори не се решение во држава во која има највисока стапка на смртност од опасниот вирус во регионот, во која има најголем пораст на новозаразени и во која се уште хара епидемија.

Заев и СДСМ единствено ги интересира власта и фотелјите, здравјето на граѓаните е на последно место. Доказ дека здравјето на граѓаните им е најмалку важно е на здравствен план кое им го приредија на граѓаните.

За негрижата за здравјето на граѓаните и неспособноста на власта следува казната од граѓаните зад гласачкиот параван.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт