Утрински Весник
Политички Партии

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Љупчо Николовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Пендаровски

 

Скопје, 18 јуни 2020

Николоски ги лаже граѓаните како неговиот шеф Зоран Заев.

Ветуваат дека минималната плата ќе ја зголемат за 40%, а ќе ја исполнат исто колку што го исполнија ветувањето за 100.000 денари плата за докторите, ветувањето дека нема да се отвори Уставот на Република Македонија, ветувањето дека ќе се изградат 600 километри автопат итн.

Граѓаните на Република Македонија на неколку пати беа изманипулирани и понижени од оваа влада која распродаде се што е свето на секој еден Македонец.

На таквото однесување и понижување мора да му дојде крајот и сите кои се огрешиле пред законите да сносат кривична одговорност за тоа.

На секого му е јасно дека победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.

Доаѓа време на просперитет, работа, чесност, труд и исполнување на есенцијалните барања на граѓаните за подобар живот.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт