Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Реакција од Балтикот на руската закана од нуклеарно оружје: Тоа е глупост

Реакција од Балтикот на руската закана од нуклеарно оружје: Тоа е глупост
Img 7972

Премиерката на Литванија Ингрида Шимоните ја коментираше последната закана од Дмитриј Медведев, кој рече дека веќе не може да се зборува за Балтикот без нуклеарно оружје во случај Шведска и Финска навистина да влезат во НАТО, што е сè поверојатно.

– Тоа што Русија се заканува не е ништо ново. Калининград (руска енклава на Балтикот) е екстремно милитаризирана зона и е така со години и се наоѓа во балтичкиот регион – изјави Симоните.

Премиерката на Литванија вели дека силно го поддржува влезот на Шведска и Финска во НАТО.

-Верувам дека влезот на овие земји во Северноатлантската алијанса значително би го зајакнал НАТО, но и нивото на безбедност во тие земји. Мислам дека балтичките земји ќе ја поздрават таа одлука штом ќе биде објавена – рече таа.

За новата руска закана зборуваше и литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас, кој рече дека е „бесмислена“. Тој рече дека руското нуклеарно оружје постоело во Калининград и пред руската инвазија на Украина.

– Новата руска закана звучи прилично чудно со оглед на тоа што знаеме дека Русите имаа нуклеарно оружје на 100 километри од границата со Литванија и пред украинската криза. Русите одамна имаат нуклеарно оружје во Калининград. Меѓународната заедница и сите земји во регионот се совршено свесни за тоа. Русите го користат како закана – изјави Анушаускас.

Руската енклава Калининград на брегот на Балтичкото Море се наоѓа меѓу Литванија и Полска, две членки на НАТО.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј