Утрински Весник
Политички Партии

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски

СДСМ: Исцелителот ли дава идеи за настапите на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести

 

20 јуни 2020 
ВМРО-ДПМНЕ соочена со извесниот изборен пораз запаѓа во се поголема агонија и покрај стандардните лажни вести, измислува приказни во кои и самата таа не верува.
Последен доказ за тоа е снимката објавена на медиуми под контрола на белиот дворец, преку која очајно се обидува да конструира поврзаност на семејството на претседателот Зоран Заев со случајот познат како Рекет.
Јавноста знае дека токму претседателот Заев го пријави случајот и нема никаква врска со луѓето кои беа дел од тој предмет, за разлика од Христијан Мицкоски кој контактирал со Зоран Милески Кичеец, за што слушна целата јавност.
Нема поголемо лицемерие од тоа за правда да зборува Антонио Милошоски лице кое се соочува со бројни судски процеси. Наместо да раскажува приказни во кој никој па ни тој не верува, Милошоски да се соочи со одговорноста и за почеток да не бега од судските доставувачи.
Очигледно е како што наближува изборниот ден така се поочајни стануваат обидите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми за конструкција и измислување на непостоечки случаи, со надеж дека на тој начин можеби ќе го ублажат извесниот и убедлив пораз на 15 јули.
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски не понудија ништо, ниту едно решение, ниту една мерка, ниту еден чекор за доброто на граѓаните. Само лажни вести, блокади, кршење на мерките и забраните и конструирани случаи во кои никој не верува.
Затоа, оправдан е стравот кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од поразот
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста 

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт