Утрински Весник
Македонија

Реакција на МO на изјавата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ: Додека вистинските експерти ја внесоа државата во НАТО, “експертот” знае само да плука и лаже (КРГ)

Реакција од Министерството за одбрана на изјавата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 27 мај 2020

По месец и половина “големиот експерт“ за прв пат се сети дека е објавена “голема тајна“- државната мапа, а сега уште еден месец подоцна ги повторува лагите. Несудениот кандидат на ВМРО ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи кој заборави на Уставот и се понадева на функција, сега “заборава” што е воена тајна, а што помош на граѓаните и институциите во услови на пандемија.

Истоштен од неостварените амбиции тој се обидува да и наштети на Армијата и на државата  и повторно ја вознемирува јавноста со лаги.

Воопшто нема ништо спорно во објавата на државната мапа која го покажува дебарскиот регион каде Армијата и помагаше на полицијата пред се во контролата на граничната линија, што беше транспарентно споделено во јавноста како нејзина задача.

Никаде на мапата нема означен степен на класификација, ниту пак има впишано распоред на единиците, но тоа не го спречува несудениот функционер на ВМРО да инсинуира.  И тоа за настан јавно објавен во средината на март.

Вистинските експерти не се служат со лаги или барем ги проверуваат своите претпоставки пред да ја вознемируваат јавноста.

Вистинските експерти не ја загрозуваат безбедноста, туку ја зацврстија: со полноправно членство во НАТО и со добро платена и силно мотивирана Армија. Таквите експерти ги бранат интересите на државата и нејзиниот углед. Не своите неосновани амбиции и жед за привилегии и злоупотреби.

Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка на Министерство за одбрана

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско