Утрински Весник
Политички Партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за изградбата на браната Конско

ВМРО-ДПМНЕ: За две и пол години СДСМ ја уназади државата на сите полиња

 

Скопје, 21 јуни 2020

На СДСМ најдобро им оди лажењето.

Зоран Заев и натаму ги лаже и ги манипулира македонските земјоделци.

Земјоделците како и сите останати граѓани се жртви на лошото владеење на СДСМ.

Стопанството и земјоделците моментално се соочуваат со милионски загуби.

Третиот пакет на мерки за земјоделието е класична манипулација станува збор средства наменети за зелена нафта кои се префрлени на ставка на неисплатени субвенции од претходните години.

Владата на СДСМ доцни со исплатата на субвенции од 2017, 2018 и 2019-та година, а чиста лага е дека помошта за зелената нафта е 50 проценти.

СДСМ вети 50 проценти поддршка за зелената нафта, а со уредба на Владата скратија 100 милиони денари од ставката и повторно помошта се сведе на 30 проценти.

На 15-ти јули ќе се стави крај на штетните активности на СДСМ и Зоран Заев.

Следи пораз на СДСМ.

Изборот е јасен. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт