Скопје, 18 јуни 2020
СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски се во паника и очај од нискиот рејтинг и ветуваат брда и долини.
Свесни дека ги очекува дебакл на изборите, СДСМ, Заев и Николовски повторно се обидуваат да манипулираат со граѓаните.
СДСМ нема ниту план, ниту визија за Република Македонија, а тоа го покажаа изминатите 3 години.
Заев и СДСМ немаат ниту капацитет да спроведе било каков проект, ниту пак ги интересираат проблемите на граѓаните и покачување на животниот стандард.
СДСМ како ураган ги уништија институциите и државата, а Зоран Заев е главата на криминалниот октопод.
Заев единствено го интересира криминалот, корупцијата и рекетираните милиони и тоа денеска потврди во судница првообвинетиот во случајот Бојан Јовановски.
Безидејноста, криминалот, корупцијата, измамите, лагите, неспособноста и неодговорноста на СДСМ, Заев и Николовски завршува на 15 јули.
Поминува времето на ЌЕ Владата. На 15јули граѓаните ќе изберат обнова со ВМРО-ДПМНЕ, наместо лагите и измамите на Заев и СДСМ. Граѓаните ќе го направат вистинскиот избор.
Лагите, измамите и неспособноста на Заев и Николовски ќе бидат поразени на 15 јули.
Македонија не заборава, народот ќе ја направи разликата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.