Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на вицепремиерката Мила Царовска 

ВМРО-ДПМНЕ: Сочувство за семејствата на нашите сограѓани кои ги загубија најблиски заради коронавирусот
300x250 opst2

29 мај 2020 

Во периодот кога почна корона пандемијата, Царовска ја немаше никаде да им помогне на граѓаните да се надмине ситуацијата. Сега кога СДСМ сакаат избори по секоја цена, Царовска реши да се прошета низ државата и да се „пофали“ дека инвестираат во енергетската мрежа.

Откако СДСМ се на власт нема никаква инвестиција во енергетиката и граѓаните тоа многу добро го знаат.

За Царовска се многу поважни личните бенефити отколку тоа како живеат граѓаните.

СДСМ и Царовска не направија ништо за доброто на граѓаните во овие три години. Затоа потребно е итна стратегија за државата да излезе од катастрофата која што ја втурна СДСМ, државата.

ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска 25. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани

Прилепчанец две години ја следел и прогонувал поранешната сопруга

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите од – 1 наутро до 15 преку ден