Утрински Весник
Македонија

Реакција на Беса за упатството на АВМУ за медиумско претставување

Движењето Беса е за избори по елиминирањето на вирусот Ковид-19

20 јуни 2020 

Како што сте информирани веќе неколку месеци Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) односно директорот на оваа агенција Зоран Трајчески со своите постапки се става во партиската служба на претходниот режим ВМРО-ДУИ, обидувајќи се во било која форма и начин да му наштети на Движењето БЕСА.

И покрај фактот дека ДИК се обрати до Движењето БЕСА со известување да изготви план за медиумско претставување, повторно Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не го почитува законот и известувањето на ДИК, институција преку која се плаќа медиумскиот простор

Најновото упатство издадено од оваа агенција за поделба на времето на политичките партии, иако во описот се вели дека 6 минути им припаѓаат на двете најголеми опозициски партии, кои на последните избори за пратеници имаат освоено повеќе гласови, партиската агенција на ВМРО-ДМПНЕ им наредува на медиумите да ги распределат сите 6 минути на партијата што го избра Зоран Трајчески за директор.

Оттаму се појавуваат две дилеми:

Прво, која е втората опозициска партија од последните парламентарни избори г. Трајчески? и

Второ, со вашите мерни параметри на толкувањето на законот можеме да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ не е опозициска партија затоа што во моментот е претставена во владата со министри и заменици министри.

Агенцијата управувана од кадарот на ВМРО-ДПМНЕ изврши сериозни прекршувања со непочитување на законот и издавање наредби спротивно на Изборниот законик, затоа Движењето БЕСА поднесе кривична пријава против агенцијата и надлежните лица.

За ова кршење на законот од агенцијата предводена од Трајчески, Движењето БЕСА официјално го извести целиот меѓународен фактор во земјава и побаравме да се следи работата на агенцијата и да не се толерираат остатоците од претходниот режим да создадат конфликтни ситуации, непотребни за земја што ќе започне преговори за членство во ЕУ.

Движењето БЕСА вчера, се обрати со службено известување до ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара од нив денес да се сретнеме за да го споделиме просторот за медиуми во согласност со писмото што го добивме од ДИК.

Во случај ВМРО-ДПМНЕ да не одговори на нашата покана за да се договориме, ќе ја известиме Државната изборна комисија и ќе бараме со одлука да го ограничи буџетот за медиуми за ВМРО-ДПМНЕ, а со одобрување на оваа одлука ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одговори на сите медиуми за нивната манипулација подготвена преку агенцијата предводена од Зоран Трајчески.

За жал, се докажува уште еднаш, дека претходниот режим на ВМРО-ДПМНЕ сè уште е инсталиран во системот на земјата, затоа овие луѓе и овој менталитет треба да бидат казнети со гласање на 15 јули, и не дозволиме нашата судбина и судбината на нашите деца да ја преземат луѓе што не го почитуваат законот, се поставуваат над законот, создаваат хаос и не носат одговорност за своите постапки.

Народот треба да разбере дека кога ВМРО-ДПМНЕ од опозиција се однесува на овој неодговорен начин, замислете дoколку тие имаат моќ, колку штетни можат да бидат за општеството и државата.

Движење БЕСА

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вучиќ–Сиљановска Давкова: Србија и Северна Македонија можат да понудат многу во лозарството и туризмот

Шумски пожар над охридските села Куратица и Опеница, на терен дејствуваат три ер-трактори

ДУИ да одговори – дали за време на нивните патувања избегнуваат скенери, вели Таравари