Утрински Весник
Спорт

Рајола: ФИФА ќе ја „снема“ за 10 години

Рајола: ФИФА ќе ја „снема“ за 10 години

Контроверзниот „супер-агент“, Мино Рајола вели дека Светската фудбалска федерација (ФИФА) нема долгорочна иднина и дека наскоро во фудбалот ќе се постасви нов систем како во американската МЛС лига, која беше воспостаевна во 1990-тите.

Рајола, кој работи со фудбалери како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Џанлуиџи Донарума, зборувајќи на „Светскиот фудбалски самит“ вели дека начинот на кој ФИФА го води денешниот фудбал е катастрофален и дека се работи за непотребна организација.

„ФИФА заостанува 50 години. За десет години, можете да ги отпишете, веќе нема да постојат. Во голфот нема организација како ФИФА, а голф се игра насекаде. Тенисот се менува. Формула 1 исто така. Има голем проблем со ФИФА – тие ги делат работите, ги делат парите и така сите се среќни. Потребни се промени како во МЛС. Пред 20 години тие постасвија нов систем и кажаа дека не сакаат ништо од ФИФА. Ништо! ФИФА тврдеа дека МЛС се смешна организација. И што се случи? ФБИ уапси пола од ФИФА!“, вели Рајола.

> Рајола: ФИФА ќе ја „снема“ за 10 години <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027