Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд се налути на англискиот таблоид „Дејли мејл“ за веста во која тие посочуваат дека тој си купил пет куќи во 2020, додека во исто време водел кампања за помош на сиромашните деца со бесплатна исхрана, за што доби награда од британската кралица Елизабета Втора и пофалби од сите страни.
23-годишниот напаѓач, кој постигна 7 гола во 12 меча оваа сезона, е налутен на начинот на кој „Дејли мејл“ ја поврзала неговата кампања со инвестициите во недвижнини со насловот: „Каков резултат! Фудбалската ѕвезда на кампања Маркус Рашфорд си купил пет луксузни дома вредни 2 милиони фунти“.
„Океј да го решиме ова. Имам 23 години. Дојдов од сиромаштија. Морам да ја заштитам не само мојата иднина, туку и на моето семејство. Затоа решив на почетокот на 2020 да инвестирам повеќе во недвижнини. Ве молам не поставувајте вакви приказни поврзувајќи ги со кампањите“, напиша Рашфорд на Твитер.
Ok, so let’s address this. I’m 23. I came from little. I need to protect not just my future but my family’s too. To do that I made a decision at the beg of 2020 to start investing more in property. Please don’t run stories like this alongside refs to ‘campaigning’. pic.twitter.com/coqla2i19d
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) November 15, 2020
> Рашфорд се налути на таблоидите за вестите дека си купил пет куќи <