Утрински Весник
Македонија

Рашковски излегува од затвор, ќе оди во домашен притвор

Рашковски излегува од затвор, ќе оди во домашен притвор

Притворениот Драги Рашковски кој месец дена издржува казна во затворот „Скопје“ во Шутка, оди во куќен притвор, одлучи Апелацискиот суд во Скопје, потврдуваат оттаму за „А1он“. Одлуката е донесена на денешната седница, а воопшто не е разгледувана гаранцијата која ја понудил Рашковски од скоро половина милион евра. Според информациите, Вишото јавно обвинителство се одлучило исто така да даде согласност за поблага мерка за Рашковски, а со тоа да даде согласност до Апелација.

Рашковски е во притвор од крајот на месец април, кога Кривичен совет, по барање на јавниот обвинител Ивана Трајчева, ја преиначи одлуката и од куќен пртивор го спроведе во затворот во „Шутка“. Заедно со него, во затворот беше спроведен и сопственикот на „Инвока груп“, фирма од која биле набавувани софтвери во спрона постапка според тврдењата на Обвинителството.

Како што објави „А1он“, pатувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, беше една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомневаше дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент, нема одлука од Кривичниот совет. „А1он“ дознава дека иако Рашковски го променил и телефонскиот уред, сепак, Обвинителството преку друг вид на комуникација обезбедило докази преку кои се гледа неговото посочување како да биде креиран тендерот.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм