Утрински Весник
Магазин

Рачно напишани стихови од Џими Хендрикс споени по 55 години

Рачно напишани стихови од Џими Хендрикс споени по 55 години

Две половини од рачно напишани стихови со потпис на легендарниот гитарист Џими Хендрикс беа споени 55 години подоцна.

Американскиот музичар беше во рана фаза од својата кариера кога неговиот бенд „Џими Хендрикс експериенс“ свиреше во павилјонот „Бет“ на 20 февруари 1967 година, вечерта кога го заменија Чак Бери, кој го откажа настапот.

Пред концертот, две локални девојки на возраст од 15 и 16 години дошле на вратата зад сцената во потрага поавтограм. Хендрикс излегол, но им рекол дека нема празна хартија кога го замолиле за автограм. Наместо тоа, искинал страница од тетратка, ја скинал на половина, а потоа ги потпишал двата дела.

На пат кон дома, тинејџерките ги погледнаа потписите што ги добија и открија рачно напишани стихови со наслов 51-st Anniversary.

Свои потписи дале и членовите на бендот, Мич Мичел и Ноел Рединг. Само три недели подоцна, оваа песна беше објавена како Б-страна на неговиот втор хит-сингл, Purple Haze, на музичките топ листи во Обединетото Кралство.

Двете пријателки подоцна се оддалечиле бидејќи нивните животи тргнале во различни правци, а со нив и двата стиха. Но, минатата година едната од нив влегла во продавница за рокенрол-сувенири Tracks Limited во Ланкашир за да ѝ ги проценат трите автограми и ракописот.

Некои медиуми тврдат дека подоцна двете жени се согласиле да ги продадат своите половини од ракописот, кој сега се проценува на петцифрена сума.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста