Утрински Весник
Свет

Рација во 15 италијански региони поради снимање и дистрибуција на детска порнографија

Рација во 15 италијански региони поради снимање и дистрибуција на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња.

Сликите направени за време на злоупотребата биле испраќани преку сервис за размена на пораки, чие име не се споменува од стана на полицијата.

Полицијата денеска соопшти дека е откриена огромна количина порнографски материјал со застрашувачки приказ на сексуално насилство во кој меѓу жртвите се и новороденчиња.

Италијанската полицијата ја спровела акцијата со помош на канадскиот Координативен центар против експлоатација на деца.

 

 

 

Текстот Рација во 15 италијански региони поради снимање и дистрибуција на детска порнографија е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наводи за употреба на експериментално оружје во операцијата против Мадуро

Шведска ќе инвестира 1,6 милијарди долари во системи за воздушна одбрана

Данска потврди дека Марко Рубио ќе се сретне со данскиот шеф на дипломатија за Гренланд