Утрински Весник
Спорт

Рахим Стерлинг ќе биде „утешната“ награда за Реал Мадрид?

Dik 300x250 mk

Откако доживеаја фијаско со обидот да го донесат Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид би можеле да се утешат со трансфер на Рахим Стерлинг од Манчестер сити, тврди британскиот „Сан“.

Флорентино Перез подолго време го следи Англичанецот, кој влегува во последните 12 месеци од неговиот договор од 350.000 фунти неделно со англискиот шампион и се верува дека Сити не се подготвени  да му понудат обновувае.

27-годишниот Стерлинг, пак, во исто време има амбиции да ја продолжи кариерата надвор од Премиерлигата, откако во 2020 година во интервју за „Марка“ призна дека го обожува Реал Мадрид и дури се фотографираше со дрес на „кралевите“.

Оваа сезона тој немаше стартерска позиција во тимот на Пеп Гвардиола, а тешко дека тоа ќе се подобри следната година кога ќе пристигне и Ерлинг Халанд.

> Рахим Стерлинг ќе биде „утешната“ награда за Реал Мадрид? <

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане