Утрински Весник
Спорт

Рафаел Леао херој на Милан, „росонерите“ се поблиску до титула

Dik 300x250 mk

Милан ја победи Фиорентина со 1:0 на „Сан Сиро“ и направи голем чекор напред во трката за шампионската титула. „Росонерите“ сега имаат големи пет бода предност во однос на Интер кој гостува во Удине.

Милан долго се мачеше да го отвори резултатот, а тоа му успеа на Рафаел Леао во последните десетина минути.



По грешката на гостинскиот голман, Рафаел Леао доби топка откосо од левата страна и со одмерен удар од 12 метри ја затресе противничката мрежа.

Торино на гости го совлада Емполи со 1:3.

> Рафаел Леао херој на Милан, „росонерите“ се поблиску до титула <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја