Утрински Весник
Македонија

Расчистено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин”, приведено едно лице

Расчистено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин”, приведено едно лице

Вчера во 13.00 часот во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани бил лишен од слобода Р.А.(21) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Според информации од МВР, на 07.07.2021 во ОВР Кочани било пријавено дека околу 12.00 часот непознат сторител од куќа на ул.„Евлија Челеблија“ во Кочани одзел пари, накит и други предмети.

Набрзо од страна на полициски службеници бил утврден идентитетот на сторителот Р.А., кој е приведен, а дел од украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.

По комплетно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани, најавија надлежните.

Можете да прочитате

Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокираше градот

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025