Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Расфрлан медицински отпад на хируршките клиники во „Мајка Тереза“, инспекторатот најави казни

Расфрлан медицински отпад на хируршките клиники во „Мајка Тереза“, инспекторатот најави казни
Img 7972

Државниот инспектор за животна средина по дојава на службата за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во петокот изршил увид на локацијата на која одделно се складира медицински опасен отпад и неопасен отпад што се создава во хируршките клиники. Од ДЗСИ наведуваат дека било утврдено несоодветно третирање на медицинскиот отпад во картонска амбалажа што е спротивно на Законот.

„Медицинскиот отпад, ставен во картонски кутии, спротивно на законот, беше складиран во депо за картонска амбалажа. Опасниот медицински отпад мора да биде селектиран, спакуван во жолти кутии или вреќи и потоа да се складира во посебен контејнер и да се транспортира со посебно возило до Дрисла. При подигањето на картонската амбалажа од страна на компанија што собира медицински отпад, кутиите со медицински отпад беа фрлени на земја и растурени“, велат од ДЗСИ.

Инспекторот ги задолжи службите да го исчистат местото и да го отстранат медицинскиот отпад на прописен начин. Имајќи предвид дека на оваа локација медицински отпад фрлаат сите хируршки клиники, Државниот инспекторат до нив ќе достави опомена.

Истовремено, примерок од медицинскиот отпад ќе се достави до судска медицина за вештачење и откривање на клиниката од која потекнува отпадот, а ќе следи и соодветната законски утврдена казна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Филипче наликува на алиби на човек потонат во непринципиелни дилови и ветувања кон луѓе кои не може да ги одржи

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања затоа што нема проекти за фалење

Касами: Ќе изградиме нова автобуска станица, ќе набавиме пет електрични автобуси и пет електрични минибуси