Утрински Весник
Свет

Растe бројот на новозаразени во Словенија

Растe бројот на новозаразени во Словенија

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 4.935 инфекции со коронавирус, што е за 17 отсто повеќе од пред 7 дена и најмногу од 14 февруари, кога беа регистрирани 7.172, објави словенечката влада.

Седумдневниот просек на потврдени случаи продолжува да расте, моментално на 2.809, што е за 3,7 отсто повеќе од претходниот ден.

Инциденцата од 14 дена на 100.000 жители е исто така во пораст, моментално на 1.571, што е за 5,2 отсто повеќе од понеделникот.

Според Националниот институт за јавно здравје (NIJZ), моментално има 35.092 активни случаи на инфекција, 7.495 повеќе од пред 7 дена.

„ Освен очекуваниот пораст на инфекциите поради олеснување на мерките, причини за ваквиот тренд се ниските температури поради кои луѓето остануваат во затворени простории и поголемата заразност на се поприсутната подваријанта омикрон БА2, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беовиќ.

Таа препорачува да продолжат да се применуваат сите пропишани антиепидемиски процедури и вакцинации, особено за ранливите групи, а маските да се носат во затворени простории.

Можете да прочитате

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран

Балон на топол воздух се запали во Бразил, осум лица загинаа