Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Растурена роденденска забава во стан во Центар, запленета дрога и приведени 13 лица

Растурена роденденска забава во стан во Центар, запленета дрога и приведени 13 лица
Img 7972

Полицијата вчера растури забава во стан во центарот на Скопје и пронајде повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се 13 лица, на возраст од 22 до 31 година.

Според информациите на МВР, полициски службеници од секторот за недозволена трговија со дрога вчера околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје, во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице.

При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога.

Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23).

Од МВР велат дека дел од лицата биле и затекнати додека консумирале дрога.

Против сите приведени ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата”

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија: нема лекови, нема реагенси, нема апарати!

(Видео) Снег во Галичник – 24info.mk