Утрински Весник
Македонија

Растурена забава со музика во живо во кафеана во Јурумлери

Приведени 9 лица откако биле затекнати во угостителски објект

Инспекторите растурија забава во кафеана во скопското село Јурумлери каде биле затекнати 15 гости, музичар и пејачка. Лицата биле приведени, а објектот затворен.

Според информациите на МВР, вчера во 21.50 часот, по претходна пријава, полициски службеници во координација со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Јурумлери, скопско, сопственост на А.Ш.(39) од истото село.

Во објектот биле затекнати 15 гости, музичар и пејачка, со што било постапено спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Објектот бил затворен, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници 

Ноќеска „Дрисла“ гореше, Ангелов тврди дека магла е!

Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави на хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ