Утрински Весник
Свет

Расте бројот на заразени во Хрватска, 1.445 новозаболени од коронавирус

Расте бројот на заразени во Хрватска, 1.445 новозаболени од коронавирус

Во последните 24 часа евидентирани се 1.445 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 5.490.

Меѓу нив, 889 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 84 се приклучени на апарати за дишење, а 12 лица починале.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, регистрирани се вкупно 253.310 лица заразени со новиот коронавирус, од кои починале 5.709, вкупно оздравеле 242.111 лица, од кои 418 во последните 24 часа.
Во моментов има 18.828 лица во самоизолација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 200 потреси по силниот земјотрес во Турција

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)