Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Расте бројот на заболени со коронавирус во Србија

Расте бројот на заболени со коронавирус во Србија
Img 7972

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 579 нови случаи на коронавирус од 10.360 тестирани примероци. Починаа три лица, а во болница се лекуваат 574 пациенти, од кои 10 се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Србија се направени 4.718.892 тестови, регистрирани се 724.097 случаи, а 7.132 починаа.

Директорката на болницата во Батајница, проф. Д -р Татјана Аџиќ Вукичевиќ, коментирајќи го четвртиот бран на епидемијата, за Телевизија Прва изјави дека ситуацијата се влошила.

„Ситуацијата почнува да се вжештува. Имавме стабилна состојба до две недели, а за само осум дена имаме 94 пациенти, бројот е двојно зголемен”, рече Аџиќ Вукичевиќ.

Членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, истакна дека во септември ќе има значителен епидемиолошки пресек.

„Септември е месец на создавање колективи, не само во училиштата, туку и на работа. Одеднаш, сите се собираат по одморот. Тоа е момент, пресек од епидемиолошко значење, бидејќи тогаш започнуваат и акутни респираторни инфекции“, истакна тој.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот