Утрински Весник
Спорт

Распродажба во ПСЖ

Распродажба во ПСЖ

Минатото лето, ПСЖ не ги реализираа плановите, продадоа фудбалери во износ од само 9.000.000 евра, во исто време во клубот пристигнаа Лионел Меси, Џиџи Донарума, Жоржињо Вајналдум, Ашраф Хакими и Серхио Рамос.

Дупката во финансискиот фер-плеј е голема и покрај тоа што минатото лето, ПСЖ, обесштетување плати само за Хакими.

На „Паркот на принцовите“ подготвуваат голема распродажба. Извесно е дека Рафиња ќе се пресели во Реал Сосиедад, а Приз би требало да го напуштат Јулијан Дракслер, Абду Дијало, Тило Керер, Лавин Курзава и Серхио Рико.

Наводно за Дијало и Керер клубот планира да добие по 25.000.000 евра, додека се надеваат дека Дракслер ќе го продадат за 15.000.000 евра.

Најмногу пари во клубот би требало да донесе трансферот на Мауро Икарди.

> Распродажба во ПСЖ <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен