Утрински Весник
Магазин

Раскошна свадбена прослава: Џеј Ло и Бен Афлек

Џенифер Лопез и Бен Афлек ги кажаа своите завети пред семејството и пријателите на церемонија на имотот на Бен во Џорџија во саботата, објавија американски портали.

dobivaj vesti na viber

Тие се венчаа во Лас Вегас минатиот месец, а во текот на викендот беа домаќини на втора церемонија за своите сакани.

„Церемонијата заврши со бакнеж“, изјави извор за „Е! њус“.

За таа пригода, гостите на двојката беа облечени целосно во бело, совпаѓајќи со декорот на настанот, како што се гледа на фотографиите добиени од „Пејџ сикс“.

Во рамки на тридневната екстраваганца на имотот на Бен, двојката организираше пробна вечера во петокот, а во недела ќе бидат домаќини на ручек подготвен на скара.

На приемот во саботата навечер имаше музика во живо и огномет, пренесува магазинот „Пипл“. На настанот присуствуваа холивудски ѕвезди, меѓу кои Мет Дејмон, Џорџ Клуни, Џејн Фонда, Рене Зелвегер, Џими Кимел, режисерот Кевин Смит  и други.

Специјалниот ден на Џенифер и Бен доаѓа еден месец откако парот првпат го врза јазолот во Лас Вегас.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста