Утрински Весник
Магазин

Расел Кроу во одбрана на култниот-класик „Господар и заповедник“

Расел Кроу во одбрана на култниот-класик „Господар и заповедник“

Расел Кроу не прифаќа неприкладни коментари за еден од неговите омилени филмови во кои глумел некогаш.

56-годишниот оскаровец се огласи на Твитер во саботата за да застане во одбрана на својот поморски еп од 2003 година „Господар и заповедник : Далечната страна на светот“ по зајадливиот твит на шкотскиот пејач текстописец Иан Мекнеб .

Во реакција на твитот на музичарот, Кроу напиша дека тоа е “симптом на денешните деца“, додека многу твитерџии побрзаа да го бранат култниот-класичен филм.

Мекнеб ја поттикна полемиката со коментар за моменталната локдаун-ситуација, и го спомна филмот.

„Многу луѓе се жалат на недостаток на сон среде пандемија“, напиша тој. „Може ли да ви го препорачам „Госпдар и заповедник“ со Расел Кроу во главната улога, актер кој обично ви го привлекува вниманието. Никогаш не сум ја поминал границата од десет минути. Ти благодарам Расел,“ додаде музичарот и го тагна актерот за да може да го види твитот.

Расел Кроу набргу се огласи со реакција.

„Тоа е проблемот со децата овие денови. Нема фокус “, одговори Кроу, иако Мекнеб е четири години постар од него.

Актерот сподели некои специфики што го прават филмот не само привлечен, туку и убав за гледање. „Филмот на Питер Вирс е брилијантен. Прецизна, детално ориентирана, епска приказна за верност кон империјата, без оглед на цената. Неверојатна кинематографија од Расел Бојд и величествен саундтрек.“

„Дефинитивно филм за возрасни“, додаде тој.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста