Утрински Весник
Магазин

Рап легендата Др. Дре се врати дома по мозочна аневризма

Рап легендата Др. Дре се врати дома по мозочна аневризма
Dik 300x250 mk

Американскиот рапер и продуцент „Доктор Дре“ (55) е отпуштен од болница откако се лекувал од аневризма на мозокот.

Адвокат на Дре во саботата соопшти дека хип-хоп sвездата сега е повторно дома, без да даде повеќе детали.

„ТМЗ“ на 5 јануари објави дека Дре бил однесен во Медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес, Калифорнија. Тимот на легендата на рап музиката подоцна издаде соопштение во кое се вели дека Дре – чие вистинско име е Андре Ромел Јанг – е во стабилна состојба.

“Благодарам на моето семејство, на пријателите и фановиза за нивниот интерес и желби. Јас добивам одлична нега од мојот медицински тим”, напиша раперот на Инстаграм кога беше во болница.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе