Утрински Весник
Магазин

Рап легендата Др Дре во болница по мозочна аневризма

Рап легендата Др Дре во болница по мозочна аневризма

Андре Ромел Јанг, познат како Доктор Дре, една од најуспешните и највлијателните хип-хоп sвезди, се лекува во болница откако доживеал аневризма на мозок.

55-годишниот рапер и продуцент бил пренесен во Медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес, според поралот „ТМЗ“.

„Добро ми е. Добивам одлична грижа од мојот медицински тим,“ стои во објавата на неговиот Инстаграм-профил.

Тој се одмара по аневризмата, изјави неговиот адвокат за Билборд.

Во својата објава, д-р Дре исто така напиша: “Наскоро ќе излезам од болницата и ќе се вратам дома. Благодарност до сите големи медицински професионалци во Седарс.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зошто третиот понеделник во јануари се смета за најтежок ден во годината?

Среќата конечно тропа на вратата на овие три хороскопски знаци

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка