Утрински Весник
Магазин

Раперот Асап Роки приведен во Лос Анџелес поради пукање

Раперот Асап Роки приведен во Лос Анџелес поради пукање

Американскиот рапер Aсап Роки е приведен во врска со пукањето во ноември 2021 година, објави „Ен-би-си њус“, додавајќи дека апсењето се случило на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во средата.

Според истиот извор, полицијата го привела 33-годишниот рапер веднаш штом излегол од приватен авион. Тој пристигнал од карипскиот остров Барбадос каде што беше на одмор со својата девојка поп-ѕвездата Ријана.

Полицијата во Лос Анџелес го истражуваше Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, за можна вмешаност во пукање во Холивуд на 6 ноември. Жртвата ѝ кажала на полицијата дека Мајерс и две лица му пришле со пиштол додека одел по улица.

Жртвата тврди дека Мајерс пукал во него неколку пати и еден куршум завршил во неговата лева рака, објави мрежата, повикувајќи се на полициски извештај.

Адвокатот на раперот не беше достапен за коментар.

Во јануари, Ријана објави дека го очекува своето прво дете со Роки.

Можете да прочитате

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

Европскиот шампион во мотоциклизам Мијалков стана татко по втор пат

УКИМ на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставување на европскиот проект TECHSIGHT