Утрински Весник
Спорт

Рано водство на Англија против Чешка, Влашиќ со гол за Хрватска на „Хемден парк“

Рано водство на Англија против Чешка, Влашиќ со гол за Хрватска на „Хемден парк“

Рахим Стерлинг е стрелецот на водечкиот гол за Англија на мечот од Д групата против Чешка.

Фудбалерот на Манчестер Сити погоди со глава во 12 минута по додавањето од Грилиш.

Истиот играч уште во 4. минута можеше да го промени почетниот резултат, но неговиот удар заврши во десната статива од голот на Вацлик.

Во моментов Англија е прва на табелата со 7 бода, по 4 имаат Чешка и Хрватска која во 17 минута поведува во Шкотска против домаќините.

Никола Влашиќ најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник покрај многумина „гледачи“, па Хрватите сега се во предност која ги носи во осминафинале. Изненадувањето на селекторот Далиќ засега носи резултат.

> Рано водство на Англија против Чешка, Влашиќ со гол за Хрватска на „Хемден парк“ <

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко