Утрински Весник
Спорт

Рангник ќе добие супер-бонус ако го донесе Халанд на „Олд Трафорд“

Рангник ќе добие супер-бонус ако го донесе Халанд на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед ќе се вклучи во битката со сите заинтересирани клубови за потписот на Ерлинг Халанд. На „Олд Трафорд“ се сигурни дека на крајот ќе излезат како победници, бидејќи адут им е Ралф Рангник.

Халанд на почетокот на кариерата во Слацбург работеше со новиот тренер на Манчестер јунајтед. Тој имал исклучително добри односи со таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд и менаџерот Мино Рајола.

„Билд“ тврди дека доколку го убеди Халанд да се пресели на „Олд Трафорд“, Рангник ќе добие бонус од 9.000.000 евра.

Халанд, во летниот преоден рок ќе го напушти Дортмунд. Се шпекулира дека Борусија ќе добие 75.000.000 евра. Проблем за заинтересираните клубови се провизиите што ги бараат таткото и менаџерот.

Наводно Мино Рајола бара 40.000.000 евра, а таткото Халанд 20.000.000 евра.

> Рангник ќе добие супер-бонус ако го донесе Халанд на „Олд Трафорд“ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина