Утрински Весник
Спорт

Рангник чувар на англиската традиција: Тоа ќе биде исто како да го укинеме чајот во 5!

Рангник чувар на англиската традиција: Тоа ќе биде исто како да го укинеме чајот во 5!

Привремениот менаџер на Манчестер јунајтед, Германецот Ралф Рангник, е познат како голем англофил (по професија е професор по англиски јазик), и воопшто не се согласува со идеите за менување на празничниот полн распоред во Премиерлигата, споредувајќи ги такви идеи со „аболиција на кралицата“.

Премиерлигата подолго време е единствена голема европска лига која игра домашни натпревари во текот на целата има без пауза, а оваа година повиците за менување на календарот се зголемија откако низата КОВИД-заболувања придонесоа над 15 меча да бидат одложени, но тие кои сакаат промени ја немаат поддршката на конзервативниот Рангник.

„Гледам фудбал во Премиерлигата последните 40 години, од времето кога беше Прва дивизија, и знам каква традиција е да се игра фудбал за Божиќ и на Боксинг деј, на 27, на 30 декември и дури на Нова година и 2 јануари. Така што на сите кои сакаат да го сменат тоа, им велам тоа е исто како да смениме чај во пет часот, или кралицата, тоа е дел од традицијата на оваа земја и сакам да бидам дел од тоа првпат во кариерата“, вели Рангник.

> Рангник чувар на англиската традиција: Тоа ќе биде исто како да го укинеме чајот во 5! <

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари