Утрински Весник
Спорт

Рангник сака да „размени мислења“ со Тен Хаг околу ситуацијата во Јунајтед

Преодниот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник вели дека едвај чека да „размени мислења“ со новиот постојан менаџер на тимот, Ерик Тен Хаг пред неговото пристигнување на „Олд Трафорд“.

Неимпресивниот период на Рангник на клупата на Јунајтед завршува на крајот на сезоната, откако тој прифати  да стане нов австриски селектор, но ќе остане советник во тимот, каде што Тен Хаг пристигнува од Ајакс, и каде што го чека голема задача во „ремонт“ на тимот.

„Сигурен сум дека го има мојот телефонски број. Има уште неколку натпревари со Ајакс, јас имам три натпревари тука. Кога ќе сака да зборува со мене и да ги размениме мислењата, подготвен сум да му помогнам. Познавајќи го Ерик, со добар систем за привлекување на фудбалери, позитивен сум дека фановите ќе видат подобар тим и секако, многу подобра позиција во лигата“, вели Рангник.

> Рангник сака да „размени мислења“ со Тен Хаг околу ситуацијата во Јунајтед <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина