Утрински Весник
Спорт

Рангник: Во интерес на тимот го извадив Роналдо

Рангник: Во интерес на тимот го извадив Роналдо
Dik 300x250 mk

Манчестер јунајтед, синоќа, го победи Брентфорд со 3:1. Покрај триумфот, дуелот мина во знакот на незадоволството на Кристијано Роналдо, кој го напушти теренот во 71.минута. Менаџерот, Ралф Рангник, објаснил зошто го заменил Португалецот.

„Зошто јас? Зошто мене ме вадиш од игра?“, открил Рангник, што му рекол Роналдо и потоа ја образложил одлуката.

„Го направив тоа во интерес на тимот. Мислам дека тоа беше нормална одлука. Водевме 2:0, резултат што го имавме и во претходниот меч со Астон Вила (на крајот заврши 2:2). Почувствува дека е најдобро предноста да ја браниме со тројца централни дефанзивци. На клупата ги имавме Рашфорд и Марсијал. Зошто и нив да не ги искористиме? Роналдо е напаѓач кој сака да постигнува голови, но не треба да заборави дека за три дена не очекува нов натпревар“.

Манчестер јунајтед, викендов ќе го пречека Вест Хем.

> Рангник: Во интерес на тимот го извадив Роналдо <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен