Утрински Весник
Македонија

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа им порача да им служи на чест. Таа не очекува напад од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што рече, слободно ќе може да возврати на сите кои ќе ја нападнат.

„ Ако не бев во овој обвинителен акт, послободно ќе можев да делувам. Бев обвинувана дека ќе се пазарам, сега ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа. Вербално, секако. Жал ми е што 4 години требаше да се докажуваме. Со овие аргументи, се докажа спротивното од тоа што го тврдеше Мицкоски и компанија, па сега, можеме лично да се пресметаме на еден дуел, ако мисли да треба да излезе со мене. Можеби не се чувствува достоинствено да излегува со некои бивши функционер од партијата, но со оглед на моето партиско искуство, би сакала очи во очи да се пресметаме кој одработувал за оваа власт, дали ние или тој“, рече Рангелова.

Сега, во предметот остануваат обвинети Миле Јанакиески, Никола Груески кој е амнестиран од експретседателот на државата, Ѓорѓе Иванов и уште неколкумина кои се товарат дека го извршиле насилството пред општината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско