Утрински Весник
Спорт

Рамос во солзи се збогуваше со Реал

Рамос во солзи се збогуваше со Реал

Заврши една ера во Реал Мадрид. Серхио Рамос, кој од 2015 година беше капитен на „кралскиот клуб“ и вкупно 16 години беше дел од Реал, официјално замина од клубот.

Рамос, кој во 2005 година, од Севилја пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, за 30 милиони евра, на прес конференција имаше емотивно простување од клубот.

„Бев дете кога дојдов во Реал. Ќе се вратам еден ден, сигурен сум во тоа. Му благодарам на Реал, секогаш ќе го носам во срцето“, рекол Рамос пред да го преплават емоциите.

Рамос со Реал освои 22 трофеи, меѓу кои се четирите во Лигата на шампионите. За клубот одигра 671 натпревар, постигнал 101 гол, забележал 40 асистенции.

> Рамос во солзи се збогуваше со Реал <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина