Утрински Весник
Македонија

Рамковните административци сѐ уште не се распределени во институциите

Се враќа работното време од 8 до 16 часот во јавната администрација

Очекувањето на вицепремиерот Артан Груби дека од први февруари сите рамковно вработени административци ќе почнат на работа не се оствари. Постапката за распределба на над 1.300 лица кои со години не оделе на работа и натаму е во тек.

Претседателката на инспекциски совет Магдалена Филиповска-Грашкоска посочи дека директорите на шесте инспекторати ѝ кажале дека рамковните работници не почнале со работа во овие институции. Нивните преземања се во тек.

„Во Пазарната инспекција беа 35 лица, во Трудова инспекција-14, за останатите дополнително морам да ви дадам податок. Директорите кажаа дека лицата сè уште не се распределени и почнати со работа. Потребно е да се спроведе целосната постапката, која ќе отпочне преку Министерството за политички систем, за преземањата кои треба да се извршат. Овој план, Владата го донела врз основа на анализи. Имам информации дека дел од лицата имаат соодветно образование за да можат да бидат инспектори, дел се со образование што е соодветно да бидат распределени на административни места. Сето ова е обврска на самата институција, имајќи ги предвид самите систематизации да обезбеди начин да се распределат на соодветни работни позиции“, рече Филиповска-Грашкоска.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, пред две недели информираше дека 1.349 службеници, пред сè економисти, правници, но и со средно образование ќе бидат сместени во 237 институции.

Неговото очекување беше од февруари да почнат со работа во распределените институции, меѓу кои инспекторатите. Според планот најмногу административци ќе завршат во МВР, односно 143 вработени, 92 во УЈП, 74 во Државното правобранителство, 25 во тетовската болница, 29 во Агенцијата за катастар, а 21 во Министерството за земјоделство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи