Утрински Весник
Свет

Рама: Ќе донираме 250.000 евра за Хрватска

Рама: Ќе донираме 250.000 евра за Хрватска
Dik 300x250 mk

Албанија ќе донира 250.000 евра на Хрватска за реконструкција по земјотресот што ја погоди во вторникот, објави Еди Рама, премиерот на таа земја, која и самата беше жртва на земјотресот минатата година.

„Само што ја потпишав одлуката на албанската влада да донира 250.000 евра на братска Хрватска за да помогнеме во оживувањето на Петриња по разорниот земјотрес“, напиша Рама на „Твитер“.

„Хрватска е пример за издржливост и е модел за нас во нејзината неверојатна трансформација во горда држава на Европската Унија“, додаде премиерот на Албанија, која во ноември минатата година беше погодена од разорниот земјотрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа 51 лице.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…