Утрински Весник
Свет

Рама: Резолуцијата за Сребреница, ниска игра на Сали Бериша

Премиерот на Албанија, Еди Рама оценува дека гласањето на Собранието на Албанија за резолуцијата за Сребреница било лоша игра на поранешниот премиер Сали Бериша, пренесува Коха.

Според него, оние кои реагираа на неуспехот на оваа резолуција во албанскиот парламент немаат поим за играта на Бериша, личност која Америка ја прогласи за непожелна поради корупција и поткопување на демократијата, пренесува медиумот.

„Оние кои скокаат поради наводниот неуспех на резолуцијата за Сребреница во албанскиот парламент, прво треба да се запрашаат зошто е поднесена. Потоа да се информираат што пишува во тој текст и да кажат дека тоа не е резолуција туку ниска игра. Ниска игра на личност која Америка ја смета за корумпиран уништувач на демократијата, во светот познат како уништувач на ембаргото на Слободан Милошевиќ“, напишал Рама на Твитер, додавајќи дека тоа е обид на Бериша да воскресне политички.

Тој додал дека жали за оние кои по грешка се чувствуваат повредени бидејќи, според него, немаат поим од таа игра.

Албанскиот парламент го одби барањето на пратеникот Тритан Шеху да гласа за резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница, Босна и Херцеговина, пишува медиумот.

Поранешниот премиер Сали Бериша по тој повод изјавил дека признавањето на геноцидот во Сребреница е неопходен чин за народите и цивилизираните општества и основен услов да не се повтори.

Можете да прочитате

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот

Бројот на жртви во пожарот во Карачи се искачи на 67

Гренел до Вучиќ: Следете го американскиот пат