Утрински Весник
Свет

Рама: Ако Бугарија продолжи да блокира, ќе бараме одвојување од Македонија

Рама: Ако Бугарија продолжи да блокира, ќе бараме одвојување од Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска реагираше поради бавната европска интеграција на таа земја.

Тој, како што пишуваат регионалните медиуми, кажал дека доколку Бугарија продолжи да става вето за Северна Македонија во следните шест месеци, ќе побара одвојување од оваа земја во смисла на продолжување на патот за отворање преговори за интеграција на земјата во ЕУ.
Рама рекол дека Албанија е во апсурдна ситуација поради блокадата на Северна Македонија од Бугарија.

„Ги прашавме граѓаните за мислење дали ќе поддржат нов пристап кон нашата надворешна политика. Што значи дека ако на крајот на француското владеење, односно првите шест месеци од следната година, Бугарија реши да стави вето, ќе почнеме да бараме одвојување од Северна Македонија. Тоа е тешка одлука од стратешка природа“, изјавил Рама.

Можете да прочитате

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили