Утрински Весник
Спорт

Ралф Рангник не останува како консултант во Манчестер јунајтед

Ралф Рангник нема да продолжи со Манчестер јунајтед на позицијата на консултант и наместо тоа ќе се фокусира на работата со австриската репрезентација, потврди англискиот клуб.

63-годишниот Германец беше донесен како „преоден“ менаџер по отказот кој го доби Оле Гунар Солскјер во ноември, но наместо да ја подобри формата, „ѓаволите“ завршија само шести во Премиерлигата, најслаб пласман во историјата на натпреварувањето (од 1992 година).

Неговиот договор вклучуваше и двегодишен консултантски договор со клубот од „Олд Трафорд“, но откако Ерик Тен Хаг беше потврден како постојан менаџер, а Рангник ја презеде репрезентацијата на Австрија, планот се смени.

„Би сакале да му се заблагодариме на Ралф Рангник за неговата работа како преоден менаџер во последните шест месеци. Со взаемен договор, Ралф сега ќе се фокусира на репрезентацијата на Австрија и нема да продолжи со консултантската улога со клубот. Му посакуваме многу среќа во следното поглавје во неговата кариера“, велат од Јунајтед.

> Ралф Рангник не останува како консултант во Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина