Утрински Весник
Спорт

Ракометарките ќе поделат 10.000 евра за пласман во баражот

Ракометарките против Романија во баражот за пласман на СП

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), донесе одлука парично да ги награди репрезентативките кои изборија место во баражот за пласман на Светското првенство.

Македонските ракометарки, успешно ја минаа групата во која беа со Исланд, Литванија и Косово и се пласираа во баражот. Пласман на мундијалот ќе се обидат да изборат во двата дуели со Романија.

„УО на РФМ ја усвои одлуката за доделување парична награда во вредност од 10.000 EUR нето на женска сениорска ракометна репрезентација за остварен максимален учинок (3 победи) на квалификацискиот турнир за обезбедување бараж натпревар за пласман на СП Шпанија 2021“, соопшти РФМ.

Федерацијата со 40.000 евра, нето износ, ќе ги награди ракометарките доколку се пласираат на Светското првенство во Шпанија.

Исто така УО на РФМ одреди колкави награди ќе добијат ракометарите кои се на добар пат да обезбедат пласман на ЕП во 2022 година.

„За освоено прво место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година парична награда во висина од 40.000 евра нето износ, аа освоено второ место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година со освоени 10 бода парична награда во висина од 30.000 евра нето износ, аа освоено второ место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година со освоени помалку од 10 бода парична награда во висина од 20.000 евра нето износ“, објави РФМ.

> Ракометарките ќе поделат 10.000 евра за пласман во баражот <

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо