Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ракометарките против Исланд, Литванија и Грција во претквалификациите за пласман на СП

Ракометарките против Исланд, Литванија и Грција во претквалификациите за пласман на СП
300x250 opst2

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна имињата на селекциите против кои ќе се бори за пласман во баражот за Светското првенство кое наредната година ќе се одржи во Шпанија.

Македонија е сместена во Групата 2 заедно со Исланд, Литванија и Грција.

Квалификациите ќе се играат како турнири од 27 до 29 ноември, односно од 4 до 6 декември. Пласман во баражот ќе изборат по две репрезентации од секоја група. Баражите на програмата ќе бидат во април наредната година.

На денешната ждрепка во Виена беа формирани две групи со по четири и три групи со по три репрезентации.

Група 1: Словачка, Украина, Израел, Луксембург
Група 2: Македонија, Исланд, Литванија и Грција.
Група 3: Турција, Португалија, Финска
Група 4: Австрија, Италија, Косово
Група 5: Белорусија, Швајцарија, Фарски острови

Пласман на Светското првенство веќе изборија Холандија како светски првак и Шпанија како домаќин на турнирот.

фото/macedoniahandball.com.mk

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути