Утрински Весник
Политички Партии

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Герберих и Шулц

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Герберих и Шулц

Скопје, 9 март 2020

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев заедно со потпретседателот, Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и Сузан Шулц, специјалниот пратеник на Германија за југо-источна Европа, Турција и земјите од ЕФТА.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, престојните избори, реформите и злоупотребите на власта.

Јанушев истакна дека престојните парламентарни избори се клучни за иднината на Република Македонија.

Соговорниците се согласија дека европската иднина на Република Македонија е тесно поврзана со изборниот процес на 12 апри, изборите мора да бидат фер и демократски, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја.

Тој посочи по 12 април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на реформите кои ќе значат приближување на државата до европските стандарди, воедно Јанушев потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја стави државата на брзата трака за членство во Европската Унија.

Јанушев истакна дека криминалот и високата корупцијата се најголемите проблеми со кои се соочува македонската држава, воедно посочувајќи низа на криминални афери во кои беа вмешани високи државни и партиски функционери на СДСМ, злоупотреби за кои нема правна разрешница.

Соговорниците се согласија дека односите помеѓу двете држави се на одлично ниво, но постои простор за понатамошна соработка и продлабочување.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт