Утрински Весник
Спорт

Ракитиќ: Јас не сум вреќа со компири, сам ќе одлучам каде да ја продолжам кариерата

Манчестер јунајтед почна преговори со Барселона за трансфер на Ракитиќ

Барселона, 13 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, ги коментираше информациите дека клубот го вклучува во некаков пакет за размена со Интер.

-Јас не сум вреќа со компири, ќе одлучам сам каде да продолжам кариера. Сакам да бидам таму каде ме ценат. Ако тоа е тука, во ред е, но ако не, тогаш ќе си најдам каде, изјави Ракитиќ.

Оваа сезона, 32-годишниот Хрват одигра 31 натпревар на сите турнири, во кои направи три асистенции.

Барселона сака да му го понуди Ракитиќ плус пари на Интер во размена за Лаутаро Мартинез. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонија со шест златни медали најуспешна по третиот ден на Олимпијадата во Париз

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит